Двајца пожарникари побараа лекарска помош по пожар во Ченто

Двајца пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита Скопје побарале лекарска помош, откако во четвртокот рано попладнето интервенирале на пожар во скопската населба Ченто.

Вчера малку по 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата „Спиро Црне“, сопственост на 66-годишниот Т.М..

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, при што еден пожарникар се здобил со изгореници, а друг пожарникар се пожалил на вдишување чад.

Извршен бил увид на местото.