
Амбасадорот на Македонија во Белгија, Лазар Еленовски, се огласи преку социјалните мрежи по одговорот на Секретаријатот за европски прашања дека земјава не добила помош од ЕУ, зашто квалитетно и навремено менаџирала со финансиите во здравствениот сектор.
-Неверојатно ниво на некомпетентност и ароганција во време на незапамтена светска здравствена криза, пишува Еленовски на Фејсбук.
Европската комисија вчера ја соопшти листата од 17 земји членки на ЕУ, плус 3 кандидати (Албанија, Србија, Црна Гора) кои треба да добијат помош од вкупно 530 милиони евра за да ги покријат трошоците за медицинска и заштитна опрема, превенција, следење и контрола на ширењето на болеста.
Македонија не е на листата.