9.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Функционерите на СДСМ ги прекршија протоколите и тврдат дека добиле покана за мечот, од ракоментата федерација се оградуваат

На вчерашниот натпревар помеѓу Македонија и Данска и покрај забраната за публика, директорот на Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов, пратеникот Дарко Каевски, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски и неговиот брат спротивно на протоколите присуствуваа на натпреварот.

Објавија и заедничка фотографија на социјалите мрежи.

Пратеникот Каевски и градоначалникот Темелковски за А1он кажале дека добиле покана од Ракометната федерација на Македонија, но генералниот секретар на РФМ се оградува од упатување каква и да е покана.

„Како федерација апсолутно и максимално ги почитуваме сите здравствени протоколи и превентивни мерки. Јас како генерален секретар на РФМ се оградувам од упатување каква било покана“, изјавил Филип Милошоски за А1он.