
Утрово, во својство на Претседател на Групата за соработка помеѓу Македонскиот и Канадскиот Парламент, имав работен доручек со новоименуваниот Канадски Амбасадор Џајлс Норман, стои во Фејсбук статусот на Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Од името на Македонското Собрание му посакав добредојде во Македонија! Канада е значаен партнер на нашата држава и земја со голема Македонска дијаспора. Добрите билатерални односи треба и понатаму активно да се надградуваат, пишува тој.