
Операта „Кармен“, ремек делото на Жорж Бизе, ќе биде изведена вечер со почеток во 19 часот во Националната опера и балет.
Диригент е Бисера Чадловска. Во главните улоги настапуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска.
Од Националната опера и балет информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите за заштита од Ковид – 19. Влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на претставата.