Ѓорѓиевски: За три ипол години во Кисела Вода не е направено буквално ништо

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во општина Кисела Вода градоначалникот нема спроведено ниту еден капитален проект.

„Три ипол години сме општина без компас на патот кон сопствената иднина и три и пол години наназад дозволуваме и гледаме како градоначалникот истовремено е и претседател на Совет, главен инспектор во општината, надзор, раководител на сите сектори и сл., но не гледаме никаков ефект од сето тоа односно е 0, бидејќи за три и пол години не е направено буквално ништо, ниту еден капитален проект. Ова тонење во кое општината ја носи градоначалникот, ќе го промениме, порача тој.