(ВИДЕО) Скопјанка вози со 240 километри на час и со тоа се фали на социјалните мрежи

Изминатиов период на социјалните мрежи беа објавени низа видео-материјали на коишто корисници се фалат со своите безумни прекршувања на законот.

Последниот од таквите „подвизи“ поставила извесна Анита од Скопје којашто на TikTok постави снимка на којашто со огромна брзина јури по македонските патишта.