
Во првиот натпревар од 28-то коло на англиското фудбалско првенство Њукасл Јунајтед и Астон Вила одиграа мирољубиво со резултат 1:1, а сѐ што вредеше на овој дуел се одигра во самата завршница.
Астони Вика поведе во 86 минута преку Оли Воткинс, а во четвртата минута од судиското продолжение на мечот израмни Џамал Лескаље.
Њукасл Јунајтед остана на 16-то место со 28 бодови, два повеќесо меч повеќе од 17-от Брајтон и 18-от Фулам, а десет повеќе од 19-от ВБА.
На табелата во водство е Манчестер Сити со 68 бодови, 14 повеќе од градскиот ривал Манчестер Јунајтед на второт место. Лестер Сити е трет со 53 бодови, а следат Челзи со 50, Вест Хем Јунајтед со 48, Еврертон со 46, Ливерпул со 43 и Астон Вила со 41 бод, кој ќе се борат за место во европските купови.