
Специјалната антитерористичка единица позната како „Тигар“, одбележува 40 години од своето постоење. На настанот присутвуваа највисоките претставници на владата, меѓу кои и првиот вицепремиер Артан Груби кој беше дел од владината делегација која положи свежо цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на единицата „Тигри“.
Согласно протоколот, сите останати се поклонија пред плочата, во чест на загинатите, додека пак Груби не се поклони. Сепак според груби тоа што не се поклонил не значело дека не сака да оддаде почит.
Вели дека ако не сакал да оддададе почит немало да прифати да биде дел од делегацијата. оценува дека е време за помирување кога веќе одбележуваме 20 години од конфликтот и од Охридскиот рамковен договор.
Почит за загинатите припадници оддадоа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, премиерот Заев, министерот Филипче и министерката за одбрана Радмила Шекернска како и високи гости од дипломатскиот кор, како семејствата на повеќе генерации на припадниците на специјалната антитерористичка единица.