Лион спаси бод во судиското продолжение

Во средбата од 29-то коло од франциското фудбалско првенство одиграна во петокот вечерта, Ресм и Олимпик Лион одиграа без победник 1:1.

Домашните поведоа во 33 минута со погодокот на Матје Кафаро, а во втората минута од судиското продолжение на натпреварот израмни Тино Кадевере.

Лион остана трет сега со 60 бодови, колку што има и Парис Сен Жермен на втората позиција, но париските „Светци“ имат и подобра гол-разлика и натпревар помалку. Во водство е Лил со 62 бодови. Ремс сега има 35 бодови и во моемнтов е на 11-то место.