Најмалку шест нови жртви во Мјанмар, САД и сојузниците ветуваат „поддршка за демократијата“

Очевидцците и медиумите известуваат во саботата дека припадниците на безбедносните сили на Мјанмар убиле најмалку шест демонстранти, додека активистите денеска ја одбележуваат годишнината од смртта на студентот чиешто убиство во 1988 година го иницираше бунтот против тогашната воена влада.

Три лица се убиени а неколку се повреддени кога полицијата отворила оган врз демонстрантите кои мирно седеле во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, тврдел за агенцијата Reuters наводен очевидец на инцидентот. Уште едно лице било убиено во централниот град Пјај, а две биле убиени изминатата ноќ во оган на полицијата во главниот трговски центар Хангон, известува агенцијата.

Убиствата се случиле откако челнициет на САД, Индија, Австралија и Јапонија ветија дека со заеднички сили ќе соработуваат на „обновувањето на демократијата“ во оваа земја во југоисточна Азија.

Досега во Мјанмар се убиени повеќе од 70 луѓе во протестите одржувани против државниот воен удар од 1-ви февраури, тврди во саботата Здружението за помош на политичките затвореници (AAPP).

Протестите во саботата избувнаа откако на социјалните мрежи се покавија плакати во кои населението се повикува на одбележувањето на смрта на Пхон Маув, кој беше застрелан во 1988 година во тогашниот кампус на Институтот за технологија во Рангун.

Неговото и убиството на уште еден студент, кој им подлегна на повредите неколку седмици подоцна, ги поттикнаа протестите против воената влада познати како Кампања 8-8-88, бидејќи кулминираа на 8-ми август 1988 година. Се проценува дека во задушувањето на тој бунт загинале околу 3.000 луѓе. Бунтот во тој период претставуваше најголем отпор против владеењето на војската кое датираше до 1962 година.

Тогаш како симбол на демократијата на Мјанмар се појави Аунг Сан Суу Кји, која во домашен притвор мина речиси две децении. Беше ослободена во 2008 година кога војската почна да ги спроведува демократските реформи, а нејзината партија Национална лига поебди на изборите во 2015 година и повторно во ноември инатата 20202 година.

Проблемите во државата, обвинувања за корупција и тн, го отворија просторот на 1-ви февруари генералите да ја соборат владата и да ја притворат Суу Кји, како и други мјанмарски функционери. Војската својата интервенција ја оправда со обвинувањата за наводната изборна измама. Воениот врв потоа прогласи вонредна состојба.

Пучот во Мјанмар, каде што според западните геосттратешки аналитичари војската е тесно поврзана со Кина, претставува голем тест за новиот американски претседател Џо Бајден.

Тој и неговата администрација во петокот оддржаа виртуелен состанок со индиските, јапонските и австралиските челници и функционери, што е првиот официјален самит на групата земји од југоисточна Азија позната како Quad. Самитот е одржан за да се демонстрира поддршката на Бајден на регионот во однос на растечката доминација на Кина.

„САД, кои долга низа години ги поддржуваа Мјанмар и неговиот народ, ја истакнуваат потребата од повторно воспоставување на демократијата, а приоритет би требало да биде нејзинот јакнење“, се наведува во заедничката изјава на четворицата челници, која ја објави Белата куќа.