Од „AstraZeneca“ најавија ново намалување на испораките на вакцината во ЕУ

Англо-шведскиот фарацевтски гигант „AstraZeneca“ е соочен со ново намалување на исппораките на својата вакцина против Covid-19 за Европската унија од 30 милиони дози до крајот на март, а како причина ги наведува извозните ограничувања.

„AstraZeneca со жалење известува за намалување на испораките на вакцината против Covid-19 на Европската унија и покрај тоа што без престан работи на забрзување на производството“, објави на својата мрежна страница компанијата.

Соочена со тешкотии во производството, групацијата одлучила да се потпре на производството надвор од Европската унија за делумно да го надомести недостигот за 27-те земји членки.

„За жал, извозните ограничувања ќе ги намалат испораките во првото тримесечје“, а веројатно и во вторнот“, се наведува во писмената изјава на портпарлот на „AstraZeneca“.

Компанијата зацрта цел да испорачи 100 милиони дози во првото полугодие од 2021 година во ЕУ, од што 30 милиони во првиот и 70 милиони во вториот квартал.

„AstraZeneca“ на крајот од јануари објави дека може да ѝ испорача на ЕУ само 40 милиони дози во првиот квартал, од 120 милиони првично ветени, и тоа поради тешкотиите во производството во белгиската фабрика. Во вториот квартал комапнијата во ЕУ првично требаше да испорача 180 милиони дози од вакцината.

Од „AstraZeneca“ наведуваат дека „соработуваат со Европската комисија и земјите членки за да ги решат потешкотиите во снабдувањето“. Европската комисија ги потврди разговорите со произведувачот, наведувајќи дека тој „прави сѐ што може за да ги исполни своите обврски“.

Проблеите со испораките на вакцината на „AstraZeneca“ се надоврзаа и на проблемите со безбедноста на вакцината поради сомневањата дека таа предизвикува згрутчување на крвта.

Десетина земји членки на ЕУ привремено го запреа вакцинирањето со вакцината на „AstraZeneca“ по извештаите за случаи создавање крвни згрутчувања по апликацијата на препаратот. Од компанијата тврди дека нејзината вакцина не предизвика „никаков дополнителен ризик“.

Таква оцена даде и Европската агенција за лекови (ЕМА) објавидека дека „информациите со коишто располагаме покажуваат дека бројот на тромбоемболичките инцидентио кај луѓе кои ја примиле оваа вакцина, не е поголемо од оној во општата популација“.

Меѓу три милиона луѓе кои се вакцинирани со вакцината на „AstraZeneca“ имало пријавени вакви 22 инциденти до 9-ти март, според EMA. Податокот се однесува на целата Европската унија, и на Исланд и Норвешка.

И Светската здравствена организација (СЗО – WHO) оцени во петокот дека нема причина да не се користи вакцината на „AstraZeneca“.