Стоилковски: Јовески и Русковска прават злоупотреба на службена должност ако не отворат предмет за софтверот на Рашковски

За криминалот и корупцијата нема простување, туку мора да важат правото и правдата, и денеска повторно ги повикуваме институциите, како државниот јавен обвинител и шефицата на обвинителството за организиран криминал, да отворат сериозна истрага за генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и набавката на софтвер за Министерството за внатрешни работи, платен од Буџетот а е неупотреблив, потсети во неделата порптаорлот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Драги Рашковски е иноватор на награден систем, чиј што софтвер има исти цели како и набавениот од Рашковски, а неупотреблив е за МВР. Притоа софтверот е набавен од компанија основана девет дена откако Рашковски- иноваторот станува Генерален секретар на режимот на Зоран Заев, а од Генералниот Секретаријат воден од Рашковски добива вкупно над 400 илјади евра“, рече Стоилковски.

Потсети деа има сѐ повеќе информации кои се појавија во јавноста кои говорат за намерно извршена набавка којашто не одговара со постојниот систем, односно дека некој во владејачката гарнитура имал намера да се изврши токму ваква набавка.

„Информации објавени во јавноста велат дека од крајот на 2019та, и почетокот на 2020та, тогаш кога и тече процедурата за набавка на системот, на неколку пати била одложувана затворена седница на владата на која едно од прашањата е „Safe city“ односно везбеден град, системот со камери на МВР.
Драги Рашковски, но и Зоран Заев треба да одговорат, каква е врската меѓу одложувањето на оваа затворена седница и набавката на софтверот со исти цели како оној софтвер иновиран од Драги Рашковски, а е некомпатибилен со системот на МВР, имајќи предвид дека огласот за набавка бил распишан во ноември 2019та, а договорот е потпишан во февруари 2020та година“, рече Стоилковски.

Портпаролот на ВМРДО-ДПМНЕ посочи и дека откако премеирот Зоран Заев јавно го амнестираше генералниот секретар на неговта Влада, Драги Рашковски, Јавното обвинителство порача дека нема да отвори предмет, туку ќе чека некој да поднесе пријава.

„А кој тоа, наместо ЈО може да отвори истрага и да има целосен пристап до документи во извршната власт, во владата на режимот? Ова е сѐ, само не извршување на должноста“, праша и констатираше Стоилковски.

Според него, државниот Јавен обвинителм Љубомир Јовески, и Обвинителството за организиран криминал водено од Вилма Рускоска, свесно и намерно со непостапување прават тешки злоупотреби на службената положба и овластување.

Стоилковски потсети дека јавниот обвинител е обврзан самиот да преземе дејствија, уште повеќе што станува збор за криминогени дејствија во врвот на извршната власт, што само посебе е од јавен интерес.

„Јовески, а и Русковска се должни да преземат предистражни дејствија за утврдување на околностите за сознанија за кривични дела и тоа е опис и попис на нивната функција. Со нестручно и несовесно работење се прави свесна злоупотреба на службената должност, а тоа е кршење на закон. Со непостапување за јавните набавки на Генералниот Секретаријат воден од Драги Рашковски, обвинителите не преземаат дејства за кои што се задолжени и за кои што дале заклетва. Јовески и Русковска мора да кажат, дали врз нив се врши притисок да не отворат истрага за ниеден скандал во кој што е вмешан Рашковски, од случајот Леонардо, набавка на хеликоптери, продажбата на ШИК Јелак, набавки на машини за Дрисла, скандалот со провизии за авионски карти за повратниците во корона-кризата, и што ли уште не?“, заклучи Стоилковски.