Важните неделни покраински избори во Германија ќе имаат одек и на сојузно ниво

Во германските сојузни покраини Баден-Виртенберг и Рајнска област-Пфалц во неделата се одржуваат избори за покраинските парламенти, а исходот од овие избори би можел да има последици и врз политиката на сојузно ниво.

Во двете сојузни покраини актиелните политичари на чело на владите имаат добри шанси да ги задржат позициите. Во Баден-Виртенберг на власт веќе десет години е партијата на Зелените и нивниот премиер Винфрид Кречман, кој првпат пред пет години владееше во коалиција со Социјалдеократската партија на Германија (SPD), а последните пет со Христијанско-демократската унија (CDU).

Според последните испитувања на јавното мнение, Зелените во неделата во оваа економски силна сојузна покраина може да ги избираат рекордните 32 до 34 отсто од 7,7 милиони гласачи, колку што имаат право на глас во Баден-Виртенберг.

За CDU, според анкетите, би гласале околу 25 отсто од избирачите, што би бил послаб резултат отколку на минатите избори пред пет години. Антидоселеничката и евроскептичната партија Алтернатива за Германија (AfD) може да смена за поддршка од 12 отсто, а социјалдемократите од SPD на 10 отсто од гласачите, што за двете партии би претставувало значително губење на гласовите во споредбите со минатите избори.

Политичките набљудувачи предвидуваат продолжување на сегашната зелено-демохристијанска коалиција, чијашто работа и на сојузно ниво се смета за успешна. Кречман е првиот и засега единствениот премиеро на некоја сојузна покраина од редовите на Зелените.

 

Кречман и коалицијата во Баден-Виртенберг, модел и за сојузната влада

При преземањата на власта постоеше голема скепса дека еден политичар на партијата на Зелените, кој важи како најголем критичар на германската автомобилската индустрија, дека ќе ја третира автомобилската бранша стационирана во Баден-Виртенберг, со компаниите како „Daimler Benz“ или „Porsche“е извонредно силна.

Кречман, припадник на умереното крило на партијата, со комбинацијата на успешна економска политика и карактеристичните зелени теми како што е откажувањето од нуклеарната енергија, го погоди расположението во оваа богата но истовремено еколошки свесна сојузна покраина.

Винфрид Кричман изгради хармоничен односи и кон конзерватино крило на Унијата CDU/CSU, во која е и баварската Христијанско-социјалната унија (CSU). Со шефот на оваа партија и премиерот на сојузната сојузна покраина Баварија, Маркус Зедер, Кречман, исто така, негува тесна соработка.

Доколку забележи убедлкива победа во неделата, многумина очекуваат и гласните шпекулации за можно коалиција меѓу Зелените и демохристијаните и на сојузно ниво, по изборите за Бундестагот во септември. Зелените и на сојузно ниво ги минаа според рејтингот социјалдемократите и веќе подолго време се зад Унијата CDU/CSU со околу 20 отсто од поддршката на гласачите, се наоѓаат на второто место на популарноста кај партиите.

 

Дали во Рајнската област-Пфалц ќе има продолжување на „семафор коалицијата“?

Во соседната сојузна покраина Рајнска област-Пфалц последните пет години на власт е социјалдемократската премиерка Малу Драјер на чело на ткн „семафорска коалиција“ меѓу SPD, Либерално-демократската партија (FDP) и Зелените, чиишто партиски бии се црвената, жолтата и зелената.

Испитувањато на јавното мнение на Драјер ѝ даваат само лесна преднсот од 3 отсто пред противкандидатот од CDU. Според коментаторите, на SPD којашто на сојузно ниво од некогашна „народна партија“ со над 30 отсто гласови се симна на поддршка од само 15 отсто од гласачите, неопходно ѝ е победа во Рајнската област-Пфалц, покраина со 3 милиони гласачи, како позитивен сигнал во важната изборна година. SPD мора да покаже дека е во состојба и да победува, се истакнува во анализите.

Изборите во овие две сојузни покраина, и истовремено општинските избори во сојузната покраина Хесен, означуваат почеток на важната изборна година којашто ќе кулминира со изборите за Бундестагот на 26-ти септември.

Следни на ред, на почетокот на јуни, избори ќе се спроведат во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, а паралелно со сојузните избори во септември се одржуваат и изборите за парламентите во сојузните покраини Берлин, Мекленбург-Западна Померанија и Тирингија.

Поради епидемиолошката ситуација на неделните избори се очекува високи учество на избирачите коишто својот глас ќе го дадат преку пошта.