Во Мјанмар убиени уште пет демонстранти

Пет демонстранти се убиени во последните судири со мјанмарските безбедносни сили по воениот пуч на 1-ви февраури, пренесуваат локалните медиуми во неделата.

Кјав Свар, активист од градот Баго, за агенцијата DPA изјави дека еден демонстрант е убиен рано во неделата со огнено оружје, како и дека има повеќе повредени.

„Тензиите се зголемија. Луѓето не престануваат со протестите, а војската се обудува да ги задуши“, рекол.

Уште еден демонстрант бил убиен во градот Мјинткина, во најсеверната мјанмарска сојузна држава Качин. Три лица загинале во градот Хлаинг Тар Јар на чиишто улици во саботата вечерта и неделата утрото излегле илајдници демонстранти пренесува локалниот портал Khit Thit.

„Денеска сме многу горди бидејќи има илјадници демонстранти во нашите градови. Тоа покажува дека нема да ја прифатиме неправдата и дека сакаме правда“, изјавил за DPA Нај Ко Лин, демонстрант од Хлаинг Таји Јар.

Полицијата на протестите одговара со сѐ поголема бруталност. Според податоците на BBC, во саботата загинале до 12 демонстранти.

Од воениот пуч од почетокот на февруари убиени се 80 демонстранти, а повеќе од две илјади се уапсени, според податоците на невладиното Здружение за помош на политичките затвореници (AAPP).

Ман Вин Лаинг Тан, челник на група пратеници кои не го признаваат воениот преврат и ја водат паралелната власт, во своето прво обраќање во сабтоата најави продолжување на „револуцијата“ за соборување на воената власт.

„Ова е најмрачниот момент за нацијата. Ова е време граѓаните да го тестираат својот отпор“, порача.