
Фудбалерите на Барселона се вратија на втора позиција на табелата на шпанското првенство со убедливата победа од 4:1 над последната Уеска во последниот натпревар од 27-то коло.
Капитенот на Барса, 35-годишниот Лионел Меси во својот 767-ми настап во сите натпреварувања се израмни на првото место со најмногу натпревари за каталонскиот гигант, беше играч на натпреварот со два гола и една асистенција.
Меси ја доведе Барлсеона во водство со одличниот удар во 13 минута, на 2:0 зголеми Антоан Гризамн во 35 минута, со уште еден шут од дистана во самиот герен десен агол, а Уеска намали во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме од пеналот кој го реализираше Рафа Мир. Но во второто полувеме Мингуеза со глава по корнерот во 53 минута зголеми на 3:1, 1 Меси во 90 минута го постигна конечниот резултат.
Барселона сега со 59 бодови е четири бодови зад водечкиот Атлетико Мадрид, два повеќе од третиот Реал Мадрид, додека Уеска остана последна 20-та со 20 бодови.