Град Скопје ги дели решенијата за данок на имот и фирмарина

Град Скопје ги почна достава на решенија за данок на имот и комунална такса – фирмарина за тековната 2021 година.

„Даночните и таксените обврзници кои нема да добијат решенија за данок на имот и комунална такса–фирмарина или доколку во истите забележат одредени неправилности, можат да се јават на службените телефонски броеви на Град Скопје секој работен ден од 09 до 16 часот и тоа:

За данок на имот: 072/916-482, 072/204-434 и 02 3297-316.
За комунална такса-фирмарина: 072/255-849 и 070/248-614.

Граѓаните по добивањето на решенијата можат сите забелешки и неправилности да ги пријават на сајтот на Град Скопје е-даноци преку одделот за пријавување на проблеми како и преку електронска пошта.

Од Градот потсетуваат дека сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатата 2020 година ќе добијат опомена за неплатен долг.