
Холандските здравствени власти превентивно ја запираат упитребата на вакцината против коронавирусот на произведувачот „AstraZeneca“ најрано до 29-ти март, соопшти во неделата доцна ноќта тамошната влада.
Потегот, кој следеше по сличнаа одлука која претходно во неделата вечерта ја донесе Ирска, се заснова на извештаите од Данска и Норвешка за можни сериозни нуспојави, се наведува во сооштението на владата на Холандија.
Службената новинска агенција ANP пишува дека холандските здравствени власти поради владината одлука ќе бидат принудено да го одложат вакцинирањето на 43.000 лица за најмалку две седмици.
Тројца здравствени работнци во Норвешка кои неодамна ја примиле оваа вакцина се на болничко лекување, поради крварења, крвни згрутчуваа и малиот број крвни плочки, објавија во саботата норвешките здравствени власт.
Австрија претходно минатата седмица објави за смрт на една медицинска сестра поради големо нарушување со згрутчување на крвта и за сериозна белодробна емболија кај нејзина колешка од истата клиника по вакцинирањето со препаратот на „AstraZeneca“,
Десетина членки на Европската унија, како и Норвешка и Швајцарија, ги запреа вакцинирањата со препаратот на англо-шведската компанија.
Италјанскиот северн регион Пиемонт, исто така, во неделата соопшти дема привремено го запира вакцинирањето со „AstraZeneca“, бидејќи улител од гратчето Биела починал по вакцинирањето во саботата.
Италијанската агенција за лекови (AIFA) во четвртокот забранни користење една од серијата на вкацината на „AstraZeneca“, по смртните случаи на двајца мажи на Сицијлија. И Австрија престана да користи одредена серија од оваа вакцина додека не ги добие конечните наоди,
Европската агенција за лекови (ЕМА) тврди дека нема индикација за поврзаност на појавите на згрутчивања на крвта со примената на вакцината на „AstraZeneca“, што во петокот го потврди и Светската здравствена организација (СЗО – WHO).
Во неделата италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца изјави дека според сите спроведени испитувања овие вакцини во Италија и во ЕУ се „ефикасни и безбедни“. Во неделата и од „AstraZeneca“ објавија дека не пронашле докази за зголемен ризик по употребата на нивната вкацина против коронавирусот.