Oблачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер

Облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, на места со ретки грмежи, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава.

Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник појава на снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува засилен северен ветер (локално над 65 км/час), што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 5 до 12 степени.

Во Скопје, облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот  и во текот на ноќта во околните повисоки предели врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Од вторник ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Во вторник во текот на денот ќе дува засилен ветер од северозападен правец.