
Тапанарот Драгољуб Ѓуричиќ (68) починал денес во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, како последица од коронавирус, пренесува „Новости“.
Познатиот музичар кој свирел во „Леб и сол“, „Кербер“, со Ѓорѓе Балашевиќ и Здравко Чолиќ како и други познати изведувачи, повеќе од еден месец боледувал од опасниот вирус, а хоспитализиран бил на 24. февруари. Пред пет дена состојбата му се подобрила и бил тргнат од респиратор, но за жал, денес ја загуби битката со болеста.
Извор/Фото: Новости.рс