Во „AstraZeneca“ не нашле докази од зголемен ризик за згрутчување на крвта по вакцинирањето

Англо-шведската лабораторија и произведувач на фармацевтски препарати „AstaZeneca“ објави во неделата вечерта дека со истрага не откриле докази за зголемен ризик од создвање крвни згрутчувања кај лицата иминузирани со нивната вакцина против Covid-19,

Со ревизијата биле опфатени повеќе од 17 милиони лица вакцинирани во Европската унија и во Велика Британија, се наведуа во соопштението.

„Внимателната анализа на сите расположливио податоци за сигурноста кај повеќе од 17 милиони лица вакцинирани во Европската унија и во Обединетото Кралство со вакцината на ‘AstraZeneca’ против Covid-19 не покажала докази за зголемен ризик од белодробна емболија, длабока венска тромбоза или торбоцитопенија“, се наведува во изјавата.

Се додава и дека таквите ризици „не се пронајдени во нити една дефинидаран старосна група, ниту во која и да е родова група, некоја серија од вакцината, а ниту во некоја држава“, се додава во писмаената изјава на „AstraZeneca“.

„Околу 17 милиони луѓе во Европската унија и во Обединетот Кралство до денеска ја примија нашата вакцина и бројот на крвните згрутчувања потврдени во оваа популација е помал од стотина случаи кои се очекувани во општата популација“, стои во изјавата којашто ја потпишива директорката на корпорацијата Ен Тејлор.

Посичува дека поради „природата на пандемијата е зголемено вниманието кој поединечните случаи“, и дека се применети нестандардни мерки поради безбедноста на јавното здравје.