
Во текот на понеделникот (15.03.2021), спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина над дозволената на територијата на Македонија, при што санкционирани се 152 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.