Цела Европа ја избегнува „AstraZeneca“, само Македонија инсистира на оваа вакцина

Македонските здравствени власти немаа никава реакција на европските реакции со запирањето на вакцината против коронавирусот на англо-шведскиот производител „AstraZeneca“ во очекување на конечниот извештај на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанѕа претходно во средата изјави дека европските земји се надеваат оти Европската агенција за лекови (ЕМА) во четвртокот ќе достави „неопходно разјаснување“ за да може да се продолжи со употребата на вакцината на „AstraZeneca“.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за вакцини исто така дискутираше за безбедноста на вакцините против коронавирусот на ткн „AstraZeneca“, рече директорот на оваа организација на Обединетите нации, Тедрос Аданом Гебрејезус.

„Експертската советничка група за имунизација на СЗО ги разгледа податоците и е во близок контакт со Европската агенција за лекови“, рече Гебрејезус.

По извештаите за несакани ефекти, вакцината на „AstraZeneca“ по извештаите за згрутчување на крвата по аплицирање на оваој препарат е привремено запрена во Словенија, Австрија, Италија, Германија, Шведска, Шпанија, Португалија и Франција, Холандија, Ирска, Данска, Норвешка, Бугарија, како и во Јужна Кореја и Тајланд.

Министерот за здравство, Венко Филипче, пак, во средата рече дека лично нема никаков проблем да се вакцинира со вакцината на „AstraZeneca“ чија употреба во многу земји е стопирана. Најави дека за конечна одлука за оваа вакцина која се очекува до крајот на месецов треба а стаса во Македонија, ќе ја чека одлуката на Европската медицинска агенција (ЕМА).

„Ќе ги чекаме препораките од ЕМА и ќе се водиме по нив. Во земјава се користат само безбедни и проверени вакцини. Јас немам дилема лично да се вакцинирам со оваа вакцина“, рече министерот Филипче.

Пред да стигнат вакцините, министерот Филипче најави дека ќе се вакцинира со првата вакцина што ќе стигне во земјава за да даде пример на граѓаните, но кога стигнаа вакцините на „Pfizer“ го смени мислењето. Не се вакцинираше со објаснување дека не сака да им го земе редот на колегите здравствени работници кои работат со болните од Covid–19.

Според она што досега го објави министерството за здравство Македонија ќе ја добие првата испорака од максималните 175.200 дози вакцини на „AstraZeneca“ до крајот на март, преку системот Covax. Веројатно дотогаш ќе бидат познати сите недоумици во врска со сигурноста и ефикасноста на оваа вакцина за заштита од Covid-19. Според пресметките Македонија може да очекува околу 36.000 дози ткн Оксфордска вакцина, преку овој систем.

Но на проблемите со безбедноста на вакцината поради сомневањата дека таа предизвикува згрутчување на крвта, се надоврзува и проблемот со испораките на вакцината на „AstraZeneca“.

Прашањето оттаму е кои активности ги преземаат македонските власти во набавката на другите вакцини, бидејќи многу е јасно е дека сомнежите во врска со оваа вакцина нема да бидат толку брзо надмината ниту во Европа, ниту кај македонските граѓани. Поради што јасно е дека за имунизација на населението и постигнувањето на процентот вакцинирано население кое ќе гарантира стивнување на разгорената епидемија.

Сепак, македонската власта инсистира на „AstraZeneca“, која ќе стаса преку споменатиот своевиден хуманитарен интернационален механизам за вакцинација,  главно поради својот голем неуспех да постигне договор за набавка на вакцините од другите производител. Поради тоа, впрочем, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, и покрај тоа што пред речиси половина година ги одбиле разговорите за набавка на руската вакцина „Спутник V“, сега какви такви надежи дека ќе го покријат пропустот се свртија кон овие вакцини, како и дозите на „Pfizer/BioNtech“ подарени од Србија. Меѓутоа, и тоа не е доволно за имунизација на пристоен процент од населението.

Ова прашање се наметнува уште посилно откако изминатиот викенд англо-шведскиот фарацевтски гигант „AstraZeneca“ е соочен со ново намалување на исппораките на својата вакцина против Covid-19 за Европската унија од 30 милиони дози до крајот на март, а како причина ги наведува извозните ограничувања. Тоа бездруго же се одрази и на испораките на оваа вакцина и за Covax системот, што го проблематизира испорачувањето на препартот по земјите вклучени во овој систем.