
Директорот на болницата во Струга, гинекологот Мухамед Асани, ќе биде разрешен денеска поради случајот со родилката на која ѝ беа извадени органи, најави министерот за здравство Венко Филипче.
Тој рече дека во текот на денешниот ден или утре ќе биде назначен нов директор на болницата, чие работење е ставено под стручен надзор на лекарска комисија што вчера ја формираше Министерството за здравство.