
За интерпелацијата на Венко Филипче имаме поддршка од сите опозциски партии. Катастрофа е и она што го видовме или обид кој заврши криминално за набавка на вакцини. Потоа смртноста е меѓу највисоките во светот. Тоа се причини зошто мислиме дека треба да замине Филппче, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.
„Видовме и колегите на Заев и Филипче како не го почитуваат здравјето на граѓаните, и тоа вториот и третиот човек во владата. Едниот е во Мексико другиот во Дубари. Одморите на Николовски и Рашковски се исменвање во лицето на граѓаните кои се борат за живот“, рече Николоски.