
НАДРЕАЛИЗАМ! Нема друг израз! Овие се смеат и ПЛУКААТ ВО ЛИЦЕ на над 3.300 семејства што изгубија свој близок во битката со короната и над 113.000 кои се заболени од корона. ОСТАВКИ!, реагираше на својот фејсбук профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Реакцијата на Николоски доаѓа откако претходно од изјавата на министерот за здравство Венко Филипче произлезе дека поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски сегашен советник во Владата на Зоран Заев и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски нема да одат во 14-дневен карантин кога ќе се вратат од одмор во Мексико, односно во Дубаи.
Рашковски за медимите потврди дека пред два дена заминал со семејството на одмор во Мексико, а Николовски со сопругата е во Дубаи.
Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Владата изјави дека не сака да коментира индивидуални одлуки за патување. Како што рече Филипче, карантинот важи само за граѓани кои се враќаат од патување во Африка.
„Карантин од 14 дена е препорака за луѓе кои патуваат на африканскиот континент, а причина за тоа е евентуална трансмисија на т. н. јужноафрикански сој кој многу брзо се пренесува и сè уште не се знае ефектот на вакцините“, рече Филипче.
https://www.facebook.com/NikoloskiA/posts/1824729131025135