
Дванаесетгодишно девојче е меѓу 12-те вчерашни жртви на Ковид-19 во Хрватска, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
Претставничката на Министерството за здравство Вера Каталиниќ-Јанковиќ денеска соопшти дека детето претходно имало проблеми со срцето.
– Само што добивме информација дека детето починало од Ковид и дека станува збор за тежок срцев коморбидитет, а други податоци засега немаме, прецизираше директорот на Институтот за јавно здравје Крунослав Чапак.
Просечната возраст на починатите во изминатите 24 часа е 68,9 години, беше речено на прес-конференцијата. Од почетокот на пандемијата во Хрватска починаа вкупно 5709 лица.