
Москва во средата итно го повлече својот амбасадор во Вашингтон поради консултации за иднината на руско-американските односи, по навредливите изјави без преседан кој претходно ги искажа американскиот претседател Џо Бајден за рускиот претседател Владими Путин за кого рече дека „нема душа“ и оти е „убиец“ и му порача дака „ќе ја плати цената“ поради наводното руско мешање во американските претседателски избори минатата година.
Амбасадорот на Русија во Вашингтон, Анатолиј Антонов, е повикан во Москва на консултации со цел да се анализараат активностите и следните чекори во односите со САД, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Потегот е со цел да се осигура билатералните односи непоправливо да не се влошат“, се наведува во соопштението.
Истакна дека Русуја е заинтересирана да се спречи „неповратниот процес“ во нарушувањата на односите со САД кои последните години западнале во слепа улица „по вина“ на Вашингтон, предупрудавајќи дека САД мора да ги разберат ризиците од таквото однесување.
„За нас главната работа е да ги утврдиме начините на коишто нарушените руско-американските односн, коишто Вашингтон ги доведе во слепа улица поселдните години може да бидат поправени …. Заинтересирани сме да спречиме нивно неповратно деградирање, доколку Американците ги сфатат ризиците поврзани со тоа“, додаде руската дипломатка.
Претходно во средата портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека Кремљ го смета неосновани и неиздражани наводи дека Русија наводно се мешала во претседателските избори во САД во 2020 година со цел да биде реизбран поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Песков истакна дека „можеме само уште еднаш да изразиме жалење што ваквите материјали, далеку од квалитетни, се користата, најверојатно како изговор за да се стави на дневен ред прашањето за наредните нови санкции“ против Русија.
Американскиот претседател Џо Бајден претходно во срeдата претпладнето во интервјуто за ABC News рече дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе ја плати цената“ за наводното мешање во американскит избори.
„Ќе ја плати цената, а какви ќе бидат последиците ќе видете наскоро“, рече Бајден.
За Путин рече дека „релативно добро го познава“ и дека според неговото искуство со странските челници „најважната работе е да со познава соговорнико“, но Бајден не појасни на што се заснова неговото „добро познавање“ на рускиот челник.
Исто така, Бајден рече дека „не верува дека рускиот претседател има душа“, а на прашањето далио мисли дека Путин е убиец одговори потврдно „Да, го мислам тоа“.
Но истовремено Бајден, веројатно веќе сфаќајќи ги импресијата од своите нападите за странски челник без преседан, набрзо потсети дека „постојат прашања од заеднички интерес на кои би можеле да соработуваат“, како што би било продолжувањето договорот за ограничување на нуклеарното оружје СТАРТ-3.
Претседателот на долниот дом на рускиот парламент Вјачеслав Володин порача дека „Путин е нашиот претседател и нападот врз него е напад врз нашата држава“.
„Со своите изјави Бајден ги навреди граѓаните на напшата земја“, порача Володин.
Коментирајќи го повлекувањето на амбасадорот Антонов во Москва, американскиот Стејт департмент истакна дека САД ги одржуваат врските со Русија онаму каде што се среќаваат интересите, но имаат намера да ја казната руската страна поради „злонамерните активности“. На прашањето дали рускиот амбасадор се сретнал со некој член од администрацијата на претседателот Бајден, потрпаролката на Стејт департеменот, Џалина Поретер, одговори за новинарите дека не може да каже за никакви средби.
Бајден овие изјави ги искажа по извештајот на американската разузнавачка заедница според кои зад наводното мешање во американските избори стоел лично Путин. Претходно во вторникот канцеларијата на директорката на Националното разузнавање на САД, го декласифицираше извештајот во кој Москва и претседателот Путин директно се обвинети дека наводно правела обиди Трамп да биде реизбран, да се дискредитира Бајден и да се „посее раздор“ во американското општество. Во документот се тврди дека овие операции биле наводно изведени од „група руски владини организации“.
Во извештајот чијашто главна цел е да се оправдаат новите санкции против Русија кои веројатно ќе бидат воведени веќе следната седмица. Во документот, покрај Русија, како земји кои се обиделе да влијаат на исходот од американските претседателски избори се наведуваат и Куба, Венецуела, Иран и либанското шиитско движење Хезболах. Интересно, Кина не се споменува во овој документ, и покрај претходните обвинувања од Вашингтон.