За викендот на Николовски во Дубаи некој работи цела година

Објавивме дека социјалдемократот Љупчо Николовски викендов со сопругата заминал на одмор во Дубаи, каде што цените се малку посолени.

Ако се има предвид дека патува преку српска агенција, така цените расат. Флај Дубаи нема летови до ноември, каде што вообичаено повратна карта од Скопје е 500 евра, под услов навреме да е резервирана. Но, бидејќи се оди преку други дестинации картата може да стигне и до 1800 евра.

Барем, според она што го нудат српските агенции, собите по лице се движат од 250 до 1300 евра и над тоа за фамилија.

Инаку Николовски е љубител на убави и луксузни работи, како часовниците, така што, најверојатно, избрал аранжман што му одговара на функцијата – вицепремиер.

Освен тоа, се друго се доплаќа, а прошетките и отседнувањето во ресторани чини, за шопинг и не зборуваме.

Така, викндот во Дубаи на Николовски е едногодишна плата на еден солидно платен работник.

Ама, тој работеше – заплени путер со изминат рок и го уништи, односно му направи ефтина услуга на газдата на сметка на државата, бидејќи доби казна од 1.500 евра. Сам да го уништуваше, сигурно ќе го чинеше многу повеќе. Ваквите работи веќе се видени.