
Финалето од Лигата на шампионите во Истанбул планирано за 29 мај ќе се одигра пред полни трибини. Извори од УЕФА за ЕСПН изјавиле дека и покрај нарушувањата во Лигата на шампионите оваа сезона предизвикани од пандемијата на коронавирусот, постои поголема шанса дека навивачите ќе се вратат на трибините за финалето во Турција.
Според изворот, малку е веројатно дека навивачите ќе можат да присуствуваат на четвртфиналето и полуфиналето на турнирот, но прелиминарните планови на Европската унија е да започне слободно движење во Европа кон средината на мај, сшто се зголемуваат шансите за враќање на навивачите на стадионите, вклучително и за финалето од ЛШ.
Сè уште не е јасно колкав процент од капацитетот на стадионот ќе биде пополнет, како и како ќе се дистрибуираат билетите. УЕФА планира да одвои квота не само за локалните љубители на фудбалот, како што беше случајот на Суперкупот на УЕФА, туку да се овозможат билети и за навивачите на финалистите.
Официјалниот капацитет на Олимпискиот стадион Ататурк е 80.500 луѓе.