Облачно време со снег на повисоките места, утринските температури под нулата

Умерено до повремено значително облачно. Преку денот на планините и понекаде на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Од вечерните часови од југ ќе се прошират врнежи кои ќе бидат од снег на планините и на повисоките места, а во планинските региони снег ќе провејува понекаде и на пониските.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен сверозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени.