Сензација во Загреб, Динамо го елиминираше Тотенхем, минаа Арснал, Рома и Гранада

Фудбалерите на загрепски Динамо се квалификуваа во четвфриналето од Лига Европа откако во четвртокот вечерта сензационално со 3:0 го победија фаворизираниот Тотенхем, анилирајќи ја предноста на лондонскиот клуб од првиот меч.

Херој на мечот беше Мислав Оршиќ чиј „хет-трик“ ја шокираше екипата на Жозе Мурињо.

Динамо успеа да ја намали предноста на Тотенхем од првиот меч во 62 минута по одличната контра на Оршич кој убаво од левото крило направи дриблинг в десно и покрај противничкиот одбранбен играч испрати прецизна топка во подалечниот агол од голот на гостите.

Истиот играч во 83 минута целосно ја анулираше предноста на прославените гости, кога остана заборавен во шеснаесетникот на гостите по одлично одиграниот напад на Динамо. Комбинираа повеќе фудбалери, а првото додавање тргна токму од Оршиќ. Тој ја продолжи до својот капитен македонскиот репрезентативец Адријан Аде, кој ја продолжи до десната страна, од каде Илја Билв Атимвен врати центаршут за Оршиќ кој ја закова топката во мрежата за 2:0.

Сензацијата на „Максимир“ беше комплетирана во 106 минута, иако во меѓувреме Мурињо во игра ги внесе и Бејл, Ло Селсо и Ндомбеле, но при овој погодок Оршиќ направи слалом низ противничката одбрана.

 

Другиот лондонски тим во осминафиналето, Арсенал мина натаму иако на својот терен загуби во реваншот од Олимпијакос со 0:1, Меѓутоа, „Топчиите“ во првиот дуел славеа со 3:1, и ги одбранија двата гола предност.

Голот за гостите го постигна Ел Араби во 51 минута, а грчкиот претставник од 82 минута играша со играч помалку откако беше исклучен Ба.

Така Арсенал му се реваншира на Олимпијакост за минатогодишниот пораз во 16-финалето, кога во Пиреја победи со 1:0, но потоа во Лондон беше елимирани по поразот од 1:2/.

 

Рома во Киев со 2:1 го победи Шахтјор од Донецк и ги потврди 3:0 од првиот меч на својот „Олимпико“, изборувајќи го своето прво четвртфинале во ова натпреварување.

Борха Мајорал беше стрелец на двата погодока за римската „Волчица“, во 48 и 72 минута, додека погодокот за украинскиот тим го постигна Жуниор Мораше во 59 минута,

 

Натаму оди и Гранада која во Будимпешта загуби од Молде со 1:2, но шпанскиот претставник во првиот дуел славеше со 2:0. Жесу Ваљехо во 29 минута постигна автогол, а Хестад од пенал во 11 минута погоди за Молде, додека Солдадо во 72 минута беше прецизен за гостите.

За Молде ова е прв пласман во осминафиналето во европските клубови, а за Гранада ова беше првата европска сезона и веднаш го постигна пласманот во четвртфиналето.