Куба започнува со тестирање на својата втора вакцината против коронавирусот

Кубанскиот здравствен регулатор ја одобри втората вакцина против Covid-19 развиена во земјата за последната фаза на клиничките испитувања.

Вакцината се вика Абдала и е именувана по поема на кубанскиот национален херој Хозе Марти. Вакцината, како и првата локална вакцина „Soberana 2“, е насочена кон шилестиот протеин на коронавирусот со кој навлегува во човековите клетки.

Властите бараат 48.000 волонтери на возраст од 18 до 80 години за да ја тестираат новата вакцина. Тестовите ќе завршат во јуни, а првите резултати ќе бидат објавени во август.

Островската држава регистрира меѓу 600 и 1.000 нови случаи на заразата на дневно ниво, далеку повеќе од само по неколку нови случаи пред една година. Од почетокот на пандемијата, Куба регистрира повеќе од 64,000 случаи на инфекцијата со коронавирусот и повеќе од 380 смртни случаи.