
Музејот на восочни фигури на правнукот на познатата Мадам Тисо – Луис во американската сојузна држава Тексас ја повлекол од постојаната поставка фигурата на донеадамношниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи посетелите „редовно ја тепаа“.
Менаџерот на компанијата „ Ripley Entertainment“, во чијашто сопственост е музејот на Луис Тисо во тексашки Сан Антонио, Клеј Стјуарт, за дневниот весник San Antonio Express-News изјавил дека восочната фигура на Трамп била толку многу изгребана, удирана и оштетена, што решиле да ја повлечат од поставката.
„Кога станува збор за фигура на висока политичка личност, ваквите напади може да претставуваат проблем“, рекол Стјуарт.
Истакнал дека некои посетители започнале со активно нагрдување на статурата во летото 2020 година, во екот на претседателската кампања, по што таа била преместена во лобито на музејот, каде што службениците можеле да ја надгледуваат но тоа не ги спречило некои од посетителите.
Во моментов фигурата е сместена во складиштето и веројатно дека нема да биде вратена во рамките на постојаната поставка на музејот, додека не пристигне и восочната фигура на актуелниот американски претседател Џо Бајден, истакнал Стјуарт.
„Секогаш имаме проблеми со ткн претедателскиот павилјон, и без оглед на тоа кој каков претседател бил, (Џорџ) Буш, (Барак) Обама или (Дионалд) Трамп. Има луѓе, кои ги нагрдуваат. На Обама шест пати му ги откорнуваа ушите. Буш помладиот го тегнеа за носот“, изјавил вработени од „Ripley Entertainment“.
Според него, фигурата на Обаа редовно била испраќана во Орландо, каде што била реновирана. А поради ограничувањата поради пандемијата на Covdi-19, немало доволно уметници за реставрирање на восочната фигура на Трамп, па таа мора да остане засега во Сан Антонио.