
Масовната вакцинацина на населението ќе започне или со вакцината на АстраЗенека или со кинеските вакцини, а ќе биде објавено кога со сигурност ќе има информации дека тргнале вакцините кон нашата земја, изајви минситерот за здравство Венко Филипче по посетата на Општата болница во Кочани.
– Секојденвно сме во комуникација. Производителите се соочуваат со предизвик да ги испорачаат потребните вакцини. Имаме некакви најави и тие најави се за крајот на месецот, првите недели на април, но повторно, имајќи го искуството од досега, искуството од останатите земји, искуството со Ковакс системот, сите тие соочени со тој предизвик, тогаш кога ќе бидеме информирани сигурни дека тргнале кон нашата земја ние тоа ќе го објавиме – изјави Филипче.
Тој рече дека вакцинацијата на здравствените работници се одвива добро и дека кога таа ќе заврши ќе има висок процент на вакцинирани здравствени работници, особено на оние што работат со ковид пациенти.
– Онаа прва група вакцинирани здравствени работници од 4.000 доктори се вакцинираше целосно и таа група се ревакцинира со ваикцината на Фајзер. Допонително со руската вакцина уште 700-800 лекари од 3.000 треба да завршат. Буквално во сите болници, ЈЗУ, лаборатории, ПЗУ, матичните лекари, сотматлози…, сите категории здравствени работници се вакцинираат со диманика која самите ЈЗУ ја даваат, односно сите што работат со пациенти заболени од ковид. Вакцинацијата добро се одвива и кога таа ќе заврши ќе имаме сеирозен висок процент на вакцинирани здравствени работници посебно оние што работат со ковид. Ќе бидат сите заштитени да можат како најкритична група посебно сега соочувајќи се со овој бран да работат заштитено – истакна министерот за здравство.