Филипче ги обликува мерките според потребите на СДСМ, нема подолг полициски час поради конгресот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Венко Филипче овој викенд не го продолжил полицискиот час поради конгресот на СДСМ. Од опозицијата велат дека одлуките се спроведуваат според потребите на СДСМ.

– Системот е целосно организиран. Ова го повтори Венко Филипче и по вчерашната средба со менаџерите на клиниките во рамки на кампусот клиники „Мајка Тереза“ и на Градската општа болница „8-ми Септември“ – стои во соопштението од партијата.

Оттаму велат дека ова Филипче го повторува постојано, ама никако да се фати за работа и да организира здравствениот систем за да одговори на последиците од корона кризата.

– Дури и мерките кои се носат се под политики диктат. Викендов конкретно, многу очигледно е дека нема мерки и покрај четвороцифрените бројки на новоинфицирани за 24 часа. Или политиката го прави своето. Мерките за спречување на короната, Филипче ги обликува според партиски потреби на СДСМ, овој викенд нема полициски час поради конгресот на СДСМ. Бројката на починати достигна безмалку 3.500 лица. Или само во март во првите 15 дена се починати 200 лица. Сето ова говори за негрижата за здравјето на граѓаните. Затоа Венко Филипче мора да одговара! – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.