
Владата на германската канцеларка Ангела Меркел се соочи во неделата со новите откритија на медиумите за спорното купување на заштитни маски против коронавирусот во кој е вклучен министерството здравство Јенс Шпан, кој е веќе на удар на критиките поради управувањето пандемијата.
Министерот за здравство Јенс Шпан во пролетта 2020 година, во текот на првиот бран на пандеијата, нарачал купување стотици илјади маски преку медиумската групација Burda, за којашто работи неговиот сопруг Даниел Функе, според документите на министерството проследено до пратениците, изјави неделникто Der Spiegel.
Нарачката за 570.000 маски од типот FFP2 на министерството би можело да претставува конфликт на интереси, бидејќи сопругот на минситерот „работи како лобист и директор на претставништвото на Burda во Берлин“, пишува неделникот.
Германското министерство за здравство ги отфрла ваквите сомневања. Договорот е „склучен и обработен по понудата според стандардизирана процедура по пазарните цени“, тврди соговорник на весникот.
Сопругот на министерот Шпан „никогаш не бил известени, ниту склучен во трансакцијата и не е платена провизија“, се наведува во објавата на Burda за Der Spiegel.
Za 1,73 американски долари, или 1,60 евра по паска, министерството ѝ исплатило 909.000 евра на Burda. Германскиот издавач наведува деак целата сума ја проследил на азискиот добавувач.
Иако ниту министерот, ниту неговиот сопруг не се обвинети дека се збогатиле, аферата доаѓа во чувствително време.
Христијанско-демократската унија (CDU) на министерот Јенс Шпан и канцеларката Ангела Меркел, како и целиот нивен конзервативен табот неколку седмици го потресува скандалот за провизиите кои претставници на движењето го добиле во текот на купувањето на маските, како и некои други обвинувања за богатења.
Овие афери предизвикаа два големи изборни пораза на CDU во текот на регионалните избори минатата седица. Од тогаш според анкетите паѓа популарноста на партијата, неколку месеци пред одржувањето на парламентарните избори кои се закажани за крајот на септември.