
Потенцијални опасниот астероидот 2001 FO32 во неделата 21-ви март ќе прелета покрај Земјата, кој ќе биде најголемиот кој оваа година ќе се размине со нашата планета, извести американската агенција за вселенски истражувања NASA.
Астероидот ќе ѝ се приближи на планетата на растојание од два милиона километри, а во известувањето се наведува дека не постои закана од судар со Земјата. Во секој случај, астроноите сметаат дека ова растојание до нашата планета е блиско, и поради тоа вселенскиот објект FO32 се означува како „потенцијално опасен астероид“.
Проценетиот дијаметар на овој астероид верира од 440 до 680 метри, се додава во соопштението на NASA.
Астероидот е откриен во 2001 година, а според пресметките на астроноите тој покрај Земјата следниот пат ќе прелета дури во 2052 година. Се смета дека денешниот прелет ќе претставува одлична можност да се добијат поточни податоци за димензиите на астероидот, неговата поввршина и составот.
До моментов откриени се во космичкиот простор околу Земјата во границите на 0,5 астрономски единици или 7 милиони километри, откриени се околу 8.000 астероиди чијашто големина надминува 140 метри. Според стручњаците на NASA, ваквите небески тела се класифицираат како потенцијлно опасни. Вкупниот број големи астероиди во пространството околу земјата би можел да достигна 25.000.