
Во дербити од 30-то коло на француското фудбалско првенство актуелниот првак Пари Сен Жермен на гостувањето го совлада Лион со 4:2 преземајќи го водството на табелата на Ле Шампионат, а претходно во неделата Лил дома загуби од Нимс со 1:2 губејќи го чекорот во трката за титулата.
ПСЖ во Лион против домашниот Олимпик поведе со 4:0, но во последните половина час дојде до опуштање на целиот тим, што домшаните го искористија да избегнат целосен дебакл и да намалат на 2:4.
За парижаните двоен стрелец беше Килиан Мбапе во 15 и 53, а погодија и Данило Переира во 32 и Анхел до Марија во 47 минута, а за домашните стрелци беа Ислам Слимани во 62 и Максвел Корне во 81 минута.
ПСЖ го искористи киксот на Лил и бодовно се израмни со по 63 бодови, но „Светците“ имаат подобра го-разлика, додека Лион одстана третопласиран со 60 бодови, а четвртиот Монако има 59 бодови.
Во Лил гостите поведоа во 12 минута со погодокот на Муса Коне, но осу минути подоцна израмни Џека, но за 2:1 за Нимс годои Рено Рипар во 45 минута.
Лил против еден од главните кандидати имаше цело полувреме да обезбеди барем бод, но не успеаа продолжувајќи ја кризата во којашто западна. Лил во последните шест кола впиша само две победи со кои сега и конечно го отстапи врвот на табелата. Нимс сега е 18-ти со 29 бодови на местото од кое игра мајсторка за опстанк во прволигашката конкуренција, бод повеќе од зоната на сигруно испаѓање.
Монпелје го побердо Бордо со 3:1. Гостите поведоа во 29 минута преку Хванг Уи-јо, но домашите во продолжението на мечеот направија пресврт, а стрелци беа Соломон Самбија во 36, Хаетан Лаборд во 58 и Стефи Мавидиди во 69 минута.
Монпелје со оваа победа ја продолжи серијата од осум кола без пораз, додека Бордо го впиша четвртиот пораз во последните пет кола. Монпелје е осми на табелата со 44 бодови, а Бордо се симна на 13-то место со 36 бодови.
Ремс го победи Дижон на гостувањето со 1:0, Ленс исто како гостин славеше над Стразбур со 2:1, а Брест и Анже одиграа без голови.