Барса протaтне низ Сан Себастијан, Облак ја спаси победата на Атлетико

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во неделата во мечот од 28-то коло на шпанското првенство впишаа нова победа, додека Барселона беше невообичаено за оваа сезона разиграна и прецизна и со 6:1 славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад.

Атлетико поведе во 54 минута благодарејќи на погодокот постигнат со глава од Луис Суарез на нафрлување од Киеран Трипие. Уругвајскиот центарфор со 19 погодоци е на второт место на стрелците во Премиер лига, зад својот голем пријател и поранешен соиграч во Барселона, Аргентинецот Лионел Меси со 23 погодоци.

Сепак, херој на Атлетико беше словенчкиот голман Јан Облак кој му одбрани пенал на Хоселу во 86 минута, сочувувајќи го водството и значајната победа на својот тим од опасното бодовно приближување на Барселона

Атлетико е во водство со 66 бодови, пред Барселона со 62 бодови и Реал Мадрид кој има 60 бодови. Алавес е претпоследен 19-ти со 23 бодови, два помалку од зоната на опстанок во лигата.

Во последниот неделен натпревар на секогаш тешкото гостување во Сан Себастијан, Барселона го декласираше домашниот Реал Сосиедад со 6:1.

За Каталонците кои веќе на полувремето водеа со 2:0, двапати стрелци беа Серхињо Дест, во 43 и 53 минута, и Лионел Меси во 56 и 89 минута на својот 768-ми настап за Барселона со што го мина досегашниот клупски рекордер Чави Ернандез. По еден погодок за Барса постигнаа и Антона Гризман во 37 и Усман Дембеле во 71 минута, а почестниот гол за Баскијците го постигна Андер Баренечеа во 77 минута.

Реал Сосиедад по овој пораз остана на 45 бодови на петтото место кое води во Лига Европа, но сега шестиот Реал Бетис е бодовно израмнет во конкуренцијата за оваа позиција а Вилјареал на седмото место заостанува два бода.