ЕУ воведе санкци против поединци и правни лица во шест земји

Министрите за надворепни работи на земјите членки на Европската унија одлучија во понеделникот на состанокот во Брисел да воведат санкции против вкупно 11 лица и четири правни лица поради наводни кршења на човекови права во шест држави во светот.

Европската унија воведува санкции притив четири лица и бирото за јавна безбедност во Кина поради наводно кршење на правата на Ујгурите, пратурска муслиманска малцинска заедница во оваа земја.

Во Либија под санкции се ставени две лица поради убиствени и протерувања на луѓе, во Русија под казненени мерки на ЕУ се ставени две лица поради наводни тортури и репресии кон лица од ЛГБТИ заедницата и против политички противници во руската република Чеченија.

Во Јужен Судан и во Еритреа се под санкции ставени по едно лице поради обвинувања за измачувања и убиства.

Сите санкции го сочинува ист пакет мерки со одлуката за санкционирањето на четири службеници во руското министерство за правда и на полицијата поради затворањето на опозицискиот активист Алексеј Навални, за што одлуката беше донесена посебно на почетокот од март.

Сите овие санкции се донесени во согласност со новата рамка на ЕУ за санкции против лица и сибјекти за кои во Брисел ќе одлучат дека ги кршат човековите права, кој беше воспоставен во декември 2020 година, според примерот на американскиот ткн Закон Магницки, донесен пред повеќе од петнаесетина години против Русија поради смртта на адвокатот во притвор.

Оваа рамка овозможува санкционирање на поединци и правни субјекти за нарушување на човековите права каде и да е на светот. Санкциите вклучуваат забрана за патувања во Европската унија и замрзнување на капитал и имот на поединци и правни лица.