
Собранието на Косово го изгласа денеска со 67 гласа „за“, 30 „против“ и ниеден воздржан лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), Албин К
Кабинетот на Курти го сочинуваат 18 членови,од кои тројца вицепремиери: Прв вицепремиер, задолжен за евроинтеграции, развој и дијалог е Бесник Бислими, втора вицепремиерка, задолжена за надворешни работи и дијаспора, e Доника Грвала, додека трета вицепремиерка, задолжена за малцински и човекови права, е Емилија Реџепи.
Нов министер за финансии е Хекуран Мурати, за правда Албулена Хаџиу, за здравство Арбен Витиа, за образование и наука Арберие Нагавци, за култура Хајрулах Чеку, за локална самоуправа Елберт Красниќи, за екологија, просторно планирање и инфраструктура Либурн Алиу, за земјоделство Фатон Пеци, за одбрана Арменд Мехај, за внатрешни работи Џељаљ Свечља, за индустрија и трговија Розета Хајдари, за економија Артане Ризваноли, за заедници и враќање Горан Ракиќ и за регионален развој Фикрим Дамка.
Во своето обраќање по повод изборот за премиер, Курти ги изложи приоритети во развојот на економијата, борбата против невработеноста, борбата против пандемијата на ковид-19, развојот на човековите права, јакнење на безбедноста на државата и на човековите права на сите граѓани без оглед на нивната припадност. Посебно ќе се залага за подигнување на квалитетот на образованието и за поголема социјална правда.
Во однос на наворешната политика, Курти најави јакнење на врските со земјите сојузнички, пред се со Албанија и Соединетите Американски Држави, како и јакнење на заложбите за зачленување во НАТО и Европската унија. Курти порача дека неговата влада ќе се залага за добри односи со сосседните држави, додека од Србија очекува да се соочи со своите злосторства во Косово и најави дека ќе бара обесштетување за економските, финансиските и другите штети од војната и пред неа.
По изгласувањето на Владата, за време на првото обраќање на Курти како нов косовски премиер, опозициските пратеници ја напуштија собраниската сала.