Обвинителството ќе ја истражува смртта на градоначалникот на Загреб

Загрепското Општинско државно обвинителство потврди во понеделникот за медиумите дека ги истражува околностите за неодамнешната смрт на Милан Бандиќ градоначалникот на хрватската престолнина.

Обвинителството потврдило дека „во тек е увид“ по што јавноста ќе биде известена за тоа ште е утврдено. Но бидејќи истрагите и увидите се тајни, во обвинителството не откриле повеќе поединости ниту одговорале на дополнителни прашања.

По низата контроверзни медиумски написи, според некои и дека Бандиќ починал како последица на употреба на вијагра и кокаин, како и за местото каде се наоѓал во времето кога доживеал инфаркт од кој подоцна починал во болница, активистот Стјепан Перко на 11-ти март покрена кривична пријава против пријател на загрепскиот градоначалник и едно непознато лице.

Со пријавата се опфатени и пријателите на градоначалникот, Гзим Реџепи и Сергиј Ивановиќ кој јавно тврдеа дека биле со Милан Бандиќ кога му се слошило во куќата на Ивановиќ, но и Наталија Прица на чијашто блиска адреса наводно дошла колата на Брзата помош. Во пријавата е наведен и еден непознат сторител.

Тврдејќи дека со пријавата сака да ги принуди институциите да ги расветлат околностите под кои Бандиќ починал, Перки заклучи дека постојат доволно достапни информации кои упаатуваат на сименвања за постоење кривично дело непружање помош, но и непружање медицинска помош во итни случаи.

Имајќи ги предвид „неверојатните совпаѓање на наводните сведоци и актери во целиот овој несреќен случај“ Перко за медиумите изјави дека бара да се истражи точното време и местото каде настапила животнозагозувачката опасност, а потоа и точното време и место на смртта, како и кој бил присутен во моментот на настапување на животната загрозеност на Бандиќ.

Семејството на Бандиќ подоцна, преку својата адвокатка, побара да биде поштедена од медиумски линч и да не се задира во нивната во приватноста.