
За СДСМ е најдобро ова Собрание да биде тивко. Да ја замолчат опозицијата, да бидеме статисти, од нас тоа нема да го добијат. Статист во опозиција на оваа коалиција на ВМРО-ДПМНЕ не добиваат. Нема премолчување. Нив им одговара кога ќе речат “напуштете“. Е не напуштаме.
Ова во интервју за КУРИР го истакнува Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.
„Не напуштаме токму поради ваквите криминалци. Нивниот криминал мора постојано да се зборува. Не гласно туку постојано затоа што тие се криминалци, докажаи криминалци. Тоа вчера што се случи, тоа не смее да помине. Каде се институциите да реагираат? Не видов институција да реагира Молк! Сакаат тивок народ, заплашен народ, тивка опозиција. Тоа од нас нема да го добијат. Нека си продолжат да бидат експозитура на извршната власт, но од нас нема да добијат молк. Нивна должност е тие да обезбедат функционален парламент. Врз основа на нивните програми, ако можат да се наречат програми, формираа Влада. Ајде нека ги реализираат. Единствено реализирано е само задолжување. Од тие задолжувања некој бенефит видовме? Дали видовме реформи во земјодлието, дали видовме задоволни тутунари? Дали видовме во образование нешто да се случува освен ништење на историјата? И велат “блескаме“. Не, ние блеснаме само од криминал и корупција. Доказ беше вчерашниот ден, доказ ќе биде и утрешниот ден се додека не се охрабрат да си поднесат една колективна оставка“, истакна Стојаноска.
Вели дека во оставките, ако одат по ред, прв треба да биде Венко Филипче, по него ја повикува и Мила Царовска.
„Зоран Заев, наместо да се радува што е вчера реизбран, тој треба да се срами. Тој е потписник на најкапитулантските договори што некогаш се потпишале за Македонија. Тој не реши повеќедецениски спорови, тој нè заглави во уште поголеми проблеми. Велеше „Име ќе смениме и Европа е кај нас“. Не се случи тоа. Со Бугарија какви проблеми дополнителни се отвараат. Ни ја претвори Македонија во едно големо Муртино“, истакна пратеничката.
Целото интервју со неа погледнете го во продолжение: