
Од Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ информираат дека во средата, 24-ти март без снабдување со вода ќе останат корисниците од неколку улици во наслебата Карпош 4, на територијата на Општина Карпош.
Прекиноте е поради уличен дефект ф 100 мм на улицата „Разловечко востание“ бр. 26 во населбата Карпош 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Разловечко востание“, „Трифун Бузлев“, „Столе Стојчев“, „Желево“, како и дел од „Волгоградска“ и дел од улицата „Вич“ од 9 часот до санирање на дефектот