
Производителот на суперлуксузните спортски автомобили „Lamborghini“ ќе повлече од Русија 15 примероци од скапиот модел „ Lamborghini Aventador SVJ Coupe“ продадени во периодот од 2019 до 2021 година, поради можноста од отворање на хаубата при голема брзина.
„Повлекувањето се однесува на 15 автообили Lamborghini Aventador SVJ Coupe, продадени меѓу 2019 и 2021 година со VIN-кодови. Причината за отповикување на возилата е што на некои од автомобилоте Aventador SVJ Coupe е можно олабавување на завртките на шарките на капакот на моторот што може да предизвика отворање на капакот. Тоа може да ја зголеми можноста, во комбинација со фактори како што се големата брзина со силно вертикално и надолжно забрзување, силината на вертот да бидат доволни за случајно отворање на хаубата, дури и целосно да се одвои од автомобилот“, се наведува во соопштението на рускиот регулатор за заштита на потрошувачите.
Ваквиот дефект може да се доведе до опасна ситуација на патиштата и да го зголеми ризикот од несреќниот случај, велат од Росстандарт.
Компанијата ќе ги извести сопствениците на овие сппортски автомобили, чијашто основна цена изнесува според проспектот 526.443 американски долари, преку електронска пошта или телефон. Информациите, исто така, можат саите да ги проверат со споредувањето на VIN-кодот (Vehicle identification number) ,од својот автомобил со приложување на листата.