(ВИДЕО) Масовниот убиец во Колорадо е 21-годишник

Дваесет иедногодишник е убиецот на десет лица во вооружениот напад во продавница за прехрабени продукти во сојузната американска држава Колорадо во понеделникот, но неговиот мотив сѐ уште не е јасен, соопшти локалната полиција во вторникот.

Осомничениот, кого полицијата го идентификуваше како Ахмад ал-Аливи Алиса од Арвада во Колорадо, бил во стабилна состојба откако бил ранет во ногата во престрелката со полицајците кои реагираел на продажното место „King Soopers“ во округот Булдер, околу 45 километри северозападно од Денвер во понеделникот попладнето по локално време.

Десетте жртви во неговиот напад се на возраст од 20 до 65 години, а нивните имиња беа објавени на прес-конференцијата во вторникот утрото по локално време. Меѓу нив е 51-годишниот полицаец Ерик Тали, татко на седум деца кој неодамна барал помалку опасена работа, ја цитираат локалните медиуми изјавата на неговиот татко.

Властите сѐ уште не го изнесоа можниот мотив за ова крвопролевање, кое следеше само шест дена откако вооружен напаѓач, исто така, на 20-годишна возраст, изведе смртоносен напад врз азиски салони за масажа во близина и во Атланта.

Во текот на пукањето во понделникот на местот на нападот пристигнале стотина полицајци, а преплашените купувачи и вработени панично бегале од продавницата.

„Денеска срцето ме боли“, изјави гувернерот Џаред Полис и додаде дека не само што се загубени десет животи, туку и оти нападот претставува „вистински ужас и терор во сите“.

„Би било избрзано за нас во овој момент да носиме какви и да се заклучоци“, изјави Мајкл Шнајдер, теренски агент на Федералното биро за истраги (FBI) во Денвер, на информативниот брифинг за можниот мотив за повеќекратното убиство.

Иследниците соопштија дека се убедени дека вооружениот млад маж злосторството го извршил самиот.

Масакрот е уште еден во низата трагични масовни убиство во Колорадо, вклучително и масовнатото пукање во кино во Аурора во 2012 година, и девеењето во средното училиште „Колумбина“ во Литлтон шест години подоцна.

Очевидците во Колорадо за медиумите ги опишуваат хаотичните и застрашувачки сцени во продавницата.
„Беше многу застрашувачки. Најбрзата противпожарна вежба во која некога бев“, опишува очевидецот 37-годишниот Рајан Боровски.

Сара Муншедоу, 42-годишна, била на касата со својот полнолетен син Никлас кога почнало пукањето. Рекла дека се обидела да помигне на жртва која ја видела како лежи на тротоарот пред продавниците, но синот ја одвлекол велејќи ѝ „Мораме да одиме“.

Портпаролката и секретарка на Белата куќа, Џен Псаки на Twitter напиша дека претседателот Џо Бајден е запознает со пукањето. Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси од Демократската партија веднаш коментираше дека овој случај повторно ја истакнал потребата за посторги закони за оружјето, кои се заглавени во Конгресот, обвинувајќи ја за тоа републиканската опозиција.