Албанија денес доби 192.000 вакцини, Босна 55.000, Македонија уште чека!

Премиерот на Албанија, Еди Рама на социјалната мрежа Фејсбук се пофали дека обезбедил 1 милион кинески вакцини.

-Обезбедивме милион вакцини, пола милион треба да пристигнат во наредните дена, а денеска во Тирана пристигнуваат 192.000 дози, стои во објавата на Рама.

Тој моментално е во посета на Турција, а на Фејсбук објави и видео додека вакцините се товараат.

24.300 дози вакцини од Фајзер преку програмата Ковакс денеска пристигнаа во Сараево.

Првиот контингент вакцини против ковид-19, нарачан од Босна и Херцеговина (БиХ) преку механизмот КОВАКС, денеска пристигна на меѓународниот аеродром во Сараево. Станува збор за 23.400 дози вакцини од Фајзер.Бионтек, а во текот на денот се планира испорака на 26.400 дози вакцини од АстраЗенека, кои ќе пристигнат со авион од Истанбул, околу 20 часот, соопшти Министерството за цивилни работи на БиХ.

Албанија денес доби 192.000 вакцини, Босна 55.000. Колку доби Македонија? НУЛА!

Со неспособноста на македонската власт да набави вакцини, секојдневно се ризикува здравјето на граѓаните. Бројот на новозаразени алармантно се зголемува, а смртноста е многу висока.

Македонија досега доби мал број на вакцини со кои започна имунизацијата на здравствените работници. Земјава доби вакцини „Фајзер“ од Србија и 3.000 вакцини од рускиот производител „Спутник В“.

И покрај најавите, сѐ уште не е сигурно кога ќе се почне со масовна вакцинација на населението. Единствено што се знае е дека прва вакцина која што ќе стигне преку ковакс-механизмот е на „Астра Зенека“. Првите количини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот, премиерот Зоран Заев, најави дека треба да пристигнат кон крајот на март, или на почетокот на април. Но, се чини дека и овој термин ќе остане само како еден од неколкуте досега лажни најави и ветувања на власта.