Бил Гејтс: Европа и САД направија фатални грешки

Светот би требало да се врати во нормалата до крајот на 2022 година благодарејќи на вакцините против Covid-19, а Европа и САД направија низа фатални грешки во почетните фази од епидемијата, изјави контроверзниот милијардер Бил Гејтс во интервју за полскиот весник Gazeta Wyborcza и телевизијата TVN24.

„Најлошото е што имаше луѓе како мене кои предупредуваа и велеа: постои одреден ризик, за мала цена може да се подготвени и да се избегне проблем. Но, за жал, овие препорачувани инвестиции не беа направени. Меѓу нив имаше и препораки веднаш што е можно повеќе да се биде во состојба да се дијагностицираат болните. Тегнологијата PCR овозможува многу точен тест, и доколуи во раната фаза од пандемијата се испитаат доволно луѓе, а оние кои имаат позитивен тест се стават во карантин, тогаш експоненцијалниот раст што доведе до толку широко затворање можеше да биде избегнат“, вели Гејтс.

„Неколку земји како Австралија, Јужна Кореја и Нов Зеленад сторија многу, многу добра работа. За жал, поголемиот дел од Европа, Јужна Америка и САД не го сторија тоа, и за тоа плативме огромна цена“, додава најголемиот акционер на „Microsoft“.

Гејтс верува дека раните вложувања би можеле да ја спасат ситуацијата.

„Мораме да инвестираме однапред, тогаш тоа не би чинело толку. Дури и кога епидемијата зафати, и натаму имавме шанси, доколку светските лидери однапред се подготвија за тоа или баре да им се обратеа на вистинските научници кои би рекле: водете сметка за бројот на тестовите и внимавајте на изолацијата – тогаш земјите би можеле да се справат многу подобро“, вели Гејтс.

„Има многу поуки кои треба да се извлечат, и мислам дека ќе инвестираме за да избегнеме повторување на оваа ситуација. Голем дел од оваа инвестиција е алатка за подобрување на здравјето не само за време на пандемија, туку и за да можеме да се ослободиме од многу болести, вклучително и грипот, маларијата, полиото и многу други“, заклучи Гејтс.

„Ова е неверојатна трагедија. До крајот на 2022 година би требало целосно да се вратиме во нормалата“, изјави соосновачот на технолошкиот гигант „Microsoft“ додавајќи дека единствени добри вести се достапот до вакцините.

Гејтс, милијардерот кој е обвинуван за негова наводна улога во пандемијата на коронавирусот, во 2014 година отстапи од „Microsoft“, преку Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс вложил 1,75 милијарди долари за глобален одговор за пандемијата. Според неговото тврдење, тоа вклучува пшоддрпшка за некои произведувачи на вакцините, дијагностика и потенцијални начини на лекување.

Програмата Covax, со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) и Глобалниот сојуза за вакцнини и иминуазција (GAVI), настојува да обезбеди две милијарди дози од вакцините за посиромашните земји до крајот на 2021 година.