
Фудбалските репрезентации на Швајцарија и Данска ги отвроија квалификациите за Светското првенство во 2022 година го гостински победи.
Швајцарија во Софија во дуелот од првото коло до Групата Ц ја совлада Бугарија со 3:1, завршувајќи ја работата за помалку од 15 минути.
Гостите на самиот почеток од мечот направија убедлива победа со головите на Брил Еболо во 7, Харис Сеферовиќ во 10 и Стефен Цубер во 13 минута. До крајот Бугарија успеа само да го ублажаи поразот со голот на Кирил Десподов во 46 минута.
Во вториот дуел од оваа грува вечерта се среќаваат Италија и Северна Ирска.
Данска на отворањето од Групата Ф во Тел Авив го победи Израел со 2:0. Стрелци беа Мартин Бретвајт во 13 и Јонас Винд во 67 минута.
Во оваа група вечерва се среќаваат уште Шкотска – Австрија, како и Молдавија – Фарски Острови.